Цензура за репутација

Со новиот предлог-закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета изгледа владата ни кажува дека за неа, а со тоа и за нас, поважно е да не се руши репутацијата на луѓето одшто да имаме право да се изразиме слободно.

За да се запознаете детално со овој предлог-закон, читајте ја статијата Македонија: Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета на Метаморфозиз и Анализата на Предлог-Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од стана на Центарот за развој на медиуми.

Доколку овој предлог-закон ќе се изгласа, јавните дебати на интернет стануваат минато, или подобро кажано дебатите кои се прават на сајтови кои се регистрирани во Република Македонија. Што се однесува до тие дебати кои се прават во сајтови кои се регистрирано во странство, пристапот до нив може да биде ограничен, или потполно блокиран.

Со ова се крши Уставот на нашата држава.
Во Уставот на Република Македонија, во Член 16 пишува:

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.
За мене како блогер ова значи дека јас морам да внимавам што пишувам да не навредам или клеветам некого, тоест да не пишувам тоа што мислам оти некој тоа може да го смета како навреда, а исто така морам или да ја блокирам опцијата за коментирање на мојот блог, или 24/7 да седам пред компјутер и да ги модерирам коментарите за да не постира некој навредувачки коментари или да постира некој линк кој носи до некој сајт со навредувачки материјали.
Подобро кажано, јас морам да одберам дали персонално ќе се цензурирам себеси и другите, или ќе ја блокирам опцијата за коментирање и со тоа само себеси ќе се цензурирам. За другите ќе се погрижи Блоггер.

Јас ја подржувам иницијативата на SkopjeHackLab да:

1. Им пишеме на прaтениците во собранието на РМ. Да Побараме од нив да гласаат против законот.
2. Приклучиме нашите страни во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта. Второто читање на законот е во вторник на 09.10.2012 година. Да го поставиме кодот во нашите страни во 00.00 часот истиот ден и да го оставиме така барем 24 часа.
Скприптата можете да ја најдете тука.
Исто така јас сакам да спомнам дека не може човек да навреди друг човек. Навреда не е нешто што се дава, туку таа зе зема. Тоа што некој може да го смета како навреда, друг може да го смета само како обичен коментар или дури и комплимент. Поради овој факт, можеби треба да има закон против навреди и клевети, но дефинитивно не ваков кој цензурира само за да не се "руши" репутацијата на одредени луѓе. Викам одредени луѓе затоа што како и сите други закони во Македонија, и овој најверојатно ќе биде спроведувам само кога тоа ќе и оди во прилог на власта и тие блиски до неа. Иначе, исто како и законот за следење на комуникации, најверојатно и опозицијата ќе го гласа овој предлог-закон затоа што кога се во прашање слободите на народот, сеедно е кој е на власт. Тие се здружуваат да го репресират народот.



1 Comment

Славејќи со Африм во кумановски рибник

Кога би се доделила награда за најголем патриот (националист) во Македонија (а треба, пинг Златна Бубамара), тоа награда секоја година би требало да оди кај Миленко Неделковски - Африм. Ама, да се разбереме, човекот ја заслужува наградата само една година во времето на комунизмот кога беше суспендирам заради тоа што како коментатор навиваше за македонската гордост - фудбалсксиот клуб Вардар, и сите години откога ВМРО ДПМНЕ со Никола Груевски како нејзин претседател влезе у власт. Башка, денеска е роденден на нашиот премиер, па ја искористувам шансата да му го честитам роденденот, и исто како и Инес Ефремова, и јас да му пожелувам што побрзо враќање во боксерската кариера. 

Да се вратиме кај патриотот Африм. Во времето кога имаше емисија (тоа што го има сега е владин прес-центар и телескоп за гледање во минатото) секоја недела го следев. За тогаш можам да кажам дека нудеше нешто уникатно и интересно што вредеше да се следи. После некое време дури и станав член на неговиот форум каде бев активен едно две-три години и запознав многу прекрасни луѓе. Во форумот, иако бев единствениот активен етнички Албанец, сите се однесуваа многу коректно, вклучувајќи го и Африм. Имаше обострана почит, иако понеекогаш имаше по некој испад од понекој член, влучувајки го и Африм како случајот кога објаснуваше зошто некои етнички Македонци кодошеле а за Албанците викаше затоа што им е во крвта, иако имаше повеќе Македонски отшто Албански кодоши. 

Како и да е, патриотот Африм одлучи да си ја слави првата годишнина на неговиот форум и одлучи тоа да биде во некој рибник во Куманово. Откако неколку членови ме поканија, вклучувајќи го и Африм ако не се лажам, одлучив да си одам и јас. 

Интересноо зарем не? Патриотот што се фалеше дека никогаш немал Албанец во емисија за годишнината на неговиот форум поканил и Албанец за да слави со него. 

Дојде денот, и се договоривме да се сретнеме кај бензинската пумпа на влезот во Куманово од Скопје и од таму сите да си одиме заедно до рибникот. Арно ама, некој требаше да иде со Африм во кола пошто само таму имаше слободно место. Африм самоволно ме покани мене да одам со него, а не некој Македонец. 

Додека одевме накај рибникот само ние двајца у кола, иако ми беше чудно да се возам со него, успеавме да си праиме малку муабет. Ми кажа како Бучковски за да го отргне вниманието на јавноста од некојси проблем одлучил да уапси некои видни невини луѓе влучувајќи го и него. Исто така јас побарав од него да направи емисија за убиството на Трајковски за што ми рече дека се обидува но не може да најде гости оти се плашат луѓето. Но тоа не беше најинтересната тема за која зборувавме. 
Откако јас му кажав за затворењето на мојот омилен клуб, почнавме да зборуваме и за ФК Вардар - клубот за кој дури и беше суспендиран од работа. 
Пошто се шпекулираше дека некој Албанец би можел да го купи клубот, зборевме малку и за таа можност. Тогаш патриотот Африм ми рече дека он нема ништо против тоа да ФК Вардар биде купен од Албанец, од тоа ФК Вардар да има газда Албанец. 
Ме чудеше ставот дури и тогаш, а со секој негов националистички испад се повеќе се чудам од тој став. Рече дека сепак треба да помине една генерација (спомна 20 години) да се смират страстите од конфликтот, но дека нему не му пречи.

Се сеќавам и како Африм и еден друг и драг човек со кого веќе не сум во контакт го викаа келнерот да ми каже од која страна можам да јадам од месото пошто на едната имаше свинско, а на другата говедско месо пошто јас нели не јадам свинско. Таму на некои членови им даде некои посебни признанија, и на сите по еден медал. Медалот сеуште го чувам дома!

Не се вратив со него од рибникот оти јас отидов порано, но на крај ми даде една прегратка Африм. Добро беше чуството, само како ли се чусвувал он прегнувајќи го воздухот пошто нели како што дознав подоцна, тој мене (албанците) ги множи со нула, а тоа значи дека јас не постојам. Исто така тој сам дојде од Скопје во Куманово, а оти сакал и до рибникот да оди сам, и да си зборува сам со себе, ме зел мене со себе. 

Стварно се мислев за ова да пишувам веќе некое време но просто не сакав. Пред да стане ДПМНЕ-вски војник, он имаше солидна емисија и добро се однесуваше со мене. Сега се гордее што морам (морат сите Албанци) да зборувам со него на Македонски, мисли дека сум од племе, ме множи со нула... Го уништи партијата и таа пуста судска пресуда од која го спасија ебаго. А баш ми беше ок како човек. 


Leave a comment

Назад, марш!

Не е лесно да се живее во Македонија. Стварно. И не мислам само од економски аспект. Тоа веќе се знае, туку мислам од аспект на тоа како не бомбардираат со празни ветувања, лаги и манипулации, крајно апсурдни оправдувања а и чисти глупости. 

Да го напишам овој текст бев инспириран од реакцијата на владеачката партија на прес конференцијата на ЛДП на која претседателот на младината на ЛДП зборуваше за тоа како власта наместо да купи мерцедес скап 600.000 евра би можела на сите студенти во Скопје да им овозможи безплатен превоз за три години. На ова, ВМРО-ДПМНЕ само не потсети дека ЛДП ја имаа таа можност на било која категорија на граѓани да им овозможи безплатен превоз и исто така не потсетија дека го обновија возниот парк на Јавното собраќајно претпријатије и дека на времето се возевме со автобуси од минатиот век, изгледа заборавајќи на фактот дека некои од тие автобуси сеуште се користат. 

Во ова реакција тоа што мене ми пречи е фактот што за се зборуваа освен за мерцедесот. Не се ни потрудија да ни објаснат зошто стварно е потребна таа нова блиндирана кола туку само зборуваа за минатото кога градоначалник на Скопје бил некој од ЛДП. 

И колку да се спомне, единствената причина за која на пензионерите (луѓе со приходи!) по два дена на неделата им е овозможено безплатен превоз а на студентите (луѓе без приходи!) не, е затоа што за да излезат стари луѓе да гласат за тебе, треба сепак нешто да им дадеш, а студентите само со малку национализам ќе ги попалиш доволно не само да гласат туку дури и да лепат плакати за тебе и што уште не. 

Јас знам дека во минатото работите биле за нигде, но и сега се. Не ме интересира за минатото туку за сегашноста и иднината, и морам да кажам дека ниедната не изгледа добро. 

Во последните 10 години, врз ниту еден министер, премиер или претседател немало обид или е извршен атентат во кола. Додуша, освен врз Кире Глигоров можеме да кажеме од осамостојување на Македонија не се случило тоа.  Многу е апсурдно тоа што од една страна владата донесува нови анти-кризни мерки, а од друга одлучува да потроши 600.000 евра на кола за која нема некоја голема потреба. 

За проектот “Скопје 2014” подобро да не ни почнам. Безпотребното трошење пари во тој проект е само уште еден доказ колку генерално како нација сме толку изгубени што можеме било што да прифатиме ако ни се “презентира во патриотски дух.”

Иначе, колку да се разбереме, ниту сум симпатизер на некоја партија, нику пак гласам на избори. Ова е уште еден голем проблем во Македонија. Луѓето ако не се на страната на власта морат тогаш да се на страната на опозициските партии. Тоа сигурно дека не е така.
Власта мора да свати дека луѓето ги гласале за да работат за доброто на граѓаните и дека ќе бидат критикувани пошто тие се во позиција да прават промени, а не опозициските партии. 

Posted in | Leave a comment

Недостигот на соодветната комуникација



Недостигот на соодветната комуникација е една од најлошите работи во светот. Отсекогаш било проблем. Иако ние низ времето им дадовме имиња и знаци на скоро се, на тие работи што можеме да ги гледаме и да ги допреме и на тие што не можеме, ние сеуште имаме проблеми да разменуваме информации и да се разбираме. 
Еден од најголемите проблеми е јазичната бариера, и по тоа јас не мислам само бариерата на два луѓе кои зборуваат различни јазици да се разберат туку и на луѓето со различни нивоа на едукација и познавање со предметот за кого дискутираат. Луѓето што се повеќе едуцирани и информирани на некој предмет имаат тенденција да користат кратенки и научни термини кои другите не знаат и тоа го прави невозможо тоа да тие разбираат пораките кои им се пренесуваат. Јазикот на телото, изразите на лицето, и сите други работи во не-вербалната комуникација се проблем исто така. Не поради нивното постоење, туку поради нивниот комплексност и релативно значање. Повеќето од нив се разликуваат зависно од местото па кога луѓето комуницираат, често имаат провлеми да ги разберат тие мешани знаци, особено кога тој што зборува целосно се контрадиктира себеси со неговиот не-вербален говор. Понекогаш луѓето тоа го перцептираат како лажење или пак само се сомневат во вистинитосна на тоа што им го кажуваат. Ова е една од причинити зошто луѓето губаат доверба, и јас верувам дека сите ние знаеме колку е тешко да почнеме да им веруваме пак на луѓе кои ја изгубиле нашата доверба, иако сепак во овој случај тоа не би било толку тешко доколку ние сме свесни за овие разлики во не-вербалната комуникација и би им ги објаснувале на нив. Ова не доведува до една друга поента. Кога луѓето губаат доверба, тие често и се нервираат и престануваат да зборуват со луѓето кои мислат дека ги лажеле. Ова е проблем затоа што во овие ситуации луѓето се затвараат во себеси и одбиваат да слушаат објаснувања и затоа не може да им биде пренесена вистината но секако имајќи во предвид дека, како што Џорџ Карлин рекол, “јазикот е алатка за прикривање на вистината.” Едно едноставно недоразбирање. Ова е како односите се уништуваат. Всушност, недостигот на објаснувања е многу сериозен проблем, и тоа не само кога луѓето одбиваат да ги слушат. Во повеќето случаеве, луѓето едноставно не даваат објаснувања препоставувајќи дека човекот со кој зборуваат запознаен доволно со темата за која зборуваат и затоа не гледат причина да го направат тоа, и ова крајот на овој проблем. Луѓето наместо да бараат објаснување тие само стојат таму без да разберат тоа што го слушат, и исто како често луѓето што не слушат што им кажува некој, само кимат и се смеат. Често гледам луѓе околу мене како се борат да завршат нешто, или се прашуват за значењето на некоја одредена работа што ја слушнале од некој само затоа што тие не побарале објаснување. Некој луѓе чисто не се мачат да го направат тоа, а други се плашат да не изгледат глупо ако го направат тоа.  
Преголемо размислување и анализирање за некои работи е исто така еден многу голем проблем за многу луѓе. На овие луѓе можеби им се пренесува некоја многу проста и концизна порака но тие го анализираат тоа толку многу што комплетно се збунуват и скокат на некој одреден заклучок. Ова не доведува до интерпретацијата, протолкувањето, која според мене е една од најлошите, ако не и најлошиот комуникационен проблем со кои луѓето се соочуваат. Луѓето имаат тенденција да слушат тоа што сакат, да ги интерпретират работите на начинот кој им се допаѓа или кој им оди во прилог. Ова скоро секогаш резултира со недоразбирања, караници и дури и тепачки меѓу луѓето. 
Стварно е штета како недостигот на соодветната комуникација предизвикува толку многу проблеми во светот, и не само прости работи како тие што ги спомнав погоре, туку дури и вистинска омраза помеѓу цели нации и дури и војни. Ние стварно треба да престанеме да зборуваме едни за други, и да почнеме да зборуваме едни со други на соодветен начин, и да барат да навистина се разбират меѓусебе а и да дават и барат објаснувања за сите работи кои можат да бидат погрешно протолкувани. Светот би било многу подобро место доколку сите би го направиле ова. 


Блог-постот е преведен и адаптиран од Англиски. Оригиналната верзија можете да ја прочитате тука.

Posted in | Leave a comment

Синдром на Жртва

Сите етнички заедници во нашата земја се разликуваат меѓу себе во многу работи, како на пример јазик, вера, традиции и што уште не, но сите имаат една заедничка работа - сите сметаат дека тие се жртвите и дека другите се попривилегирани од нив. Јас ова би го нарекол Синдром на Жртва. 

Сега, да се разбереме, во некои работи и вистина е дека едните се попривилегирани од другите, но секако дека не во секоја работа. 
Без да генерализирам сега за ова во врска со гледањето на себеси како жртва, јас би сакал да се сконцентрирам на меѓуетничкото насилие кое ни се случува деновиве. 
Факт е дека од двете страни насилници си тепаат невини луѓе само затоа што припаѓаат на друга етничка припадност. За мене една од најголемите глупости што може човек да направи е да нападне невин човек од друга етничка припадност за да се одмазди оти луѓе од таа етничка припадност нападнале невин човек од неговата. Тоа те прави ист како и тие што прво нападнаа. Идентичен.

Секој ден, секоја ноќ ни се случува по некој инцидент. Некои претепале некој. Ова не ме чуди мене толку колку фактот што на крајот од денот, од двете страни се жалат како другите тепаат, малтретираат, како нивните да не прават ништо. Од двете страни на фејсбук и на сајтовите на националните телевизии по коментари се жалат до "кога ќе трпиме да не тепаат, малтретираат", "не треба да го дозволуваме ова", "го бараат они и ќе го добијат", ова, она...
 Ова не го прават само граѓаните. Истото го прават и националните телевизии. Одиш на Сител и Канал 5 и гледаш вести во кои за напаѓачите од Албанска националност чисто се потенцира дека се Албанци, за некои од Тетово дури и дека се членови на навивачката друга Балисти, а за напаѓачите од Македонска националност не се потенцира ни нивната националност. Одиш после на Алсат и таму го гледаш истото, само овој пат за тие од Македонска националност. Ставаат акцент на инцидентите по етничка припадност, а не по големина на инцидентот. Алсат се концентрира на инцидентите направени од Македонските насилници, Канал 5 и Сител за насилниците кои се етнички Албанци. Ова пак уште повеќе ги пали националистите од двете страни и уште повеќе ја вжештува ситуацијата во земјата. Исџтото го прават и повеќето невладини организации и политичарите, посебно од опозицијата. Бркајќи политички поени се концентрираат повеќе на инцидентите кои се против луѓето од нивната етничка припадност. 

Според мене, најголеми виновници за меѓуетничката нетрпеливост и насилие секогаш биле и ќе бидат политичарите и медиумите. Или барем се додека простата маса ќе ги земе сериозно работите што тие ги кажуват и пишуват. Луѓето во нашата земја меѓусебе, како комшии, секогаш добро се согласувале. Секогаш се почитувале и дружеле. Соживот во ова земја се може, само треба човек да мисли со ладна глава, а и да ги игнорира провокациите кои ги прават некои луѓе кои пред се не и мислат добро на народот што живее на овие простории. Да престанеме да изигруваме жртва, и да почнеме да се однесуваме како луѓе.

Posted in | Leave a comment

За блогот

1. Блогот "Illusional Reality" е персонален блог.

2. Сите ставови изјаснети во овој блог се лични ставови на авторот и треба да бидат третирани како такви. Ништо што е постирано тука не значи дека е факт кој треба да биде земен здраво за готово туку е само лично убедување на авторот.
  2.2. Авторот го задржува правото да ги избрише сите коментари без да даде било какво објаснување за тоа.
  2.3. Коментарите се ставови на авторите кои ги имаат напишани и авторот на блогот не мора да се согласува или да не се согласува со нив.

3. Авторско право
-Блогот "Illusional Reality" е лиценциран под  Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivs 2.5 Macedonia License.
  3.2. Постовите на овој блог можете да ги споделувате, умножувате и дистрибуирате под следниве услови:

  • Да се наведи извор
  • Да се користи некомерцијално
  • Да не се адаптират постовите

        Доколку сакате да го контактирате авторот, тоа можете да го направите по:
        Фејсбук: IllusionalReality
        Твитер: @HawkanianHawk

        Leave a comment

        Search

        Swedish Greys - a WordPress theme from Nordic Themepark. Converted by LiteThemes.com.