Секој што
е малку настроен кон критичко мислење знае дека кај нас владее некоја форма на
репресивен режим. И како и секој друг таков режим, се користи со пропагандни
техники, посебно кога се работи за кризи кои можат да им коштаат или со
рејтинг, или парично (да сме на јасно, секако дека тоа би биле буџетски (наши)
пари но на репресивен режим буџетските пари им се како сопствени пари кои
внимателно ги “инвестираат“ за продолжување на нивното владеење.)
Режимот на
оваа власт, поврзано баш со тие буџетски пари, нуди лажни решенија на сите општествени
проблеми и девијации преку казни. Најчесто, тие казни се превисоки за мизерниот
стандард кој го имаме ние. Иако пратеникот на ДПМНЕ Александар Николоски, кој
иначе е пратеник од кога има 22 години, вели дека иако имал шанса да ја напушти
Македонија но не сакал, и дека со 100 тука можете да направите доста нешта но
го Германија можете вечера да купите, со 100 тешко дека можете да покриете една
казна само. Но фаличната логика пратеникот настрана, битно е да се спомне дека
казните освен што го полнат буџетот – кој проблем на владата – не решаваат
никаков проблем.
Има многу
да се пишува на темата за казните, но да се префрлам на главната причина за
блог-постов. Иако има многу казни за регулирање на собраќајот, кои с’ почесто се
изрекуваат, се’ полошо и полошо станува. Патиштата се катастрофа, казните се
драконски и селективно изречени, правилата не се почитуваат посебно од тие што
имаат по некој човек “внатре“. Голем луксуз е да поминеш на пешачки без да се
плашиш дека ќе ти свирне некоја будала и ќе те пцуе, без да се плашиш дека ќе
те згази некој кој има “некоја работа“ па се брза.
Вечерва се
случи уште една несреќа. 16 годишно момче беше удрено со џип во близина на
Католичката црква во Скопје. Замислете, 16 годишникот летнал 15 метри од од
колата која го удрила поради силината на ударот. Неофицијално, објавија
Либертас, момчето бил на пешачки.
Болно е и
да се мисли на тоа човек.
И секако,
во репресивен режим, каде вистинските проблеми ретко се решаваат, наместо да се
справуваат со секојдневното умирање на луѓето од собраќајни несреќи, вечерва
беа активирани одредени техники на менаџирање на кризи. Имено, најголемата
владеачка партија има под своја контрола доста медиуми кои ние ги знаеме, но
исто така има и одредени фан страници под своја контрола – што често и не е баш
лесно да се примети. Пример за ова е страницата Ова е Македонија. Страницата
има над 74 илјади лајкови. И знаете со што се занимава Ова е Македонија?
Типично за Македонија, - се занимава со вести кои и’ ги снабдува медиум на
режимот. Во случајов тоа е Курир.
Со оглед
на тоа дека страницава постира се’ што е објавено на Курир, постирана беше и
веста за починатото (подобро кажано убиеното) момче. Но после тоа, страницата
се префрли во неговата друга улога – менаџирање на криза. Оти не смее режимот
да дозволи луѓето да мислат дека во Македонија се случуваат многу често многу
собраќајки и умираат многу луѓе. Затоа, на страницата се појавија две други
постови да и парираат на таа едната за момчето.
Првата
гласи “БМВ со 200 км/ч се заби во такси, пет
лица загинаа (ФОТО+ВИДЕО)“ а иначе била објавена во Курир на 8ми месецов.
Другата е насловена “ТРАГЕДИЈА: Загинаа мајка и две деца, таткото се
бори за живот (ФОТО)“ а била оригинално објавена во Кирир на 3ти
месецов. Првата е случај што се случило во Москва, а втората се случоло во
Хрватска.
Начинот на кој се насловени овие две објави е
многу намерен, а уште понамерен е нивното реобјавување на страницата. Дури и
ако гледаме на распоредот како се објавени ќе разбереме дека луѓето почнале да
копаат наназад за овие вести, прво наоѓајќи ја таа од 8ми, па после таа од 3ти.
И тоа се’ со една цел, - Да кликнат читателит кои имаат прочитано за смрта на
момчето, и да видат дека па кај нас не е толку лошо – во Москва дури 5 умреле
во собраќајка, во Хрватска се случило трагедија во која загубиле живот мајка и
две деца, а најверојатно и таткото ќе умре.
Можеби ви се чини дека претерано и погрешно
поврзување правам, но таква е пропопагандата. Суптилна. А патиме ли си патиме
од когнитивна дисонанца.
Ама тоа е. И
тоа е тоа менаџирање на кризи. На најдолен начин.