Ова го постирам за секој граѓанин на Македонија.
Ова го постирам за сите тие кои викаат дека не ги интересира политика, и
дека само сакаат да си го живеат нивниот живот, и што со тоа се гордеат.
За сите тие ‘неутралци‘ кои се плашат да кажат вистински став и да застанат
на страната на правдата без разлика кој ќе биде тој на спротивната страна. За истите
тие за кои да се биде неутрален значи да се плука по двете страни одеднаш и
цело време, за да се релативизира работата и да не морат да дојдат до ситуација
да кажат дека тоа што едната страна го прави е неправедно, недемократско,
опресивно. За кои иако владеачката партија е таа која е во контрола, која е
одговорна, не треба да се критикува директно оти тоа би изгледало како да тие
би зазеле страна.
Ова исто така го постирам за сите симпатизери и членови на владеачката
партија, кои снимките од случувањата пред и во собранитето на нашата земја ги
гледат со ентузијазам, среќа, мисла дека тоа што го прават неговите е
правилното нешто да се прави и дека другата страна се една група демони,
предавници и што уште не. Баш за тие истите кои ги гледат видеата од по 6
секунди од партизираната полиција на кои не може скоро ништо да се констатира
со сигурност, и ги сметат за вистинската слика за настаните.
Ова го постирам и за овој чичко
Протестант од Фронтот на ‘Народот‘ |
кој така сликовито им кажа што да јадат (или пушат) на тие кои излезоа на улица на
протест а имаа различен став од тој на неговиот лидер.
Ова исто така го постирам и за сите кукавици (меѓу кои има многу од горенаведените). Моралните кукавици. Непринципиелните кукавици. Луѓето без рбет.
Ќе завршам со овој цитат кој кажува многу за стравот и сета ова слепа доверба во авторитетот, а и неутралноста која во случајеви на неправда значи соучество.
"Most people prefer to believe that their leaders are just and fair, even in the face of evidence to the contrary, because once a citizen acknowledges that the government under which he lives is lying and corrupt, the citizen has to choose what he or she will do about it. To take action in the face of corrupt government entails risks of harm to life and loved ones. To choose to do nothing is to surrender one's self-image of standing for principles. Most people do not have the courage to face that choice. Hence, most propaganda is not designed to fool the critical thinker but only to give moral cowards an excuse not to think at all." - Michael Rivero