Archive for March 2012

Синдром на Жртва

Сите етнички заедници во нашата земја се разликуваат меѓу себе во многу работи, како на пример јазик, вера, традиции и што уште не, но сите имаат една заедничка работа - сите сметаат дека тие се жртвите и дека другите се попривилегирани од нив. Јас ова би го нарекол Синдром на Жртва. 

Сега, да се разбереме, во некои работи и вистина е дека едните се попривилегирани од другите, но секако дека не во секоја работа. 
Без да генерализирам сега за ова во врска со гледањето на себеси како жртва, јас би сакал да се сконцентрирам на меѓуетничкото насилие кое ни се случува деновиве. 
Факт е дека од двете страни насилници си тепаат невини луѓе само затоа што припаѓаат на друга етничка припадност. За мене една од најголемите глупости што може човек да направи е да нападне невин човек од друга етничка припадност за да се одмазди оти луѓе од таа етничка припадност нападнале невин човек од неговата. Тоа те прави ист како и тие што прво нападнаа. Идентичен.

Секој ден, секоја ноќ ни се случува по некој инцидент. Некои претепале некој. Ова не ме чуди мене толку колку фактот што на крајот од денот, од двете страни се жалат како другите тепаат, малтретираат, како нивните да не прават ништо. Од двете страни на фејсбук и на сајтовите на националните телевизии по коментари се жалат до "кога ќе трпиме да не тепаат, малтретираат", "не треба да го дозволуваме ова", "го бараат они и ќе го добијат", ова, она...
 Ова не го прават само граѓаните. Истото го прават и националните телевизии. Одиш на Сител и Канал 5 и гледаш вести во кои за напаѓачите од Албанска националност чисто се потенцира дека се Албанци, за некои од Тетово дури и дека се членови на навивачката друга Балисти, а за напаѓачите од Македонска националност не се потенцира ни нивната националност. Одиш после на Алсат и таму го гледаш истото, само овој пат за тие од Македонска националност. Ставаат акцент на инцидентите по етничка припадност, а не по големина на инцидентот. Алсат се концентрира на инцидентите направени од Македонските насилници, Канал 5 и Сител за насилниците кои се етнички Албанци. Ова пак уште повеќе ги пали националистите од двете страни и уште повеќе ја вжештува ситуацијата во земјата. Исџтото го прават и повеќето невладини организации и политичарите, посебно од опозицијата. Бркајќи политички поени се концентрираат повеќе на инцидентите кои се против луѓето од нивната етничка припадност. 

Според мене, најголеми виновници за меѓуетничката нетрпеливост и насилие секогаш биле и ќе бидат политичарите и медиумите. Или барем се додека простата маса ќе ги земе сериозно работите што тие ги кажуват и пишуват. Луѓето во нашата земја меѓусебе, како комшии, секогаш добро се согласувале. Секогаш се почитувале и дружеле. Соживот во ова земја се може, само треба човек да мисли со ладна глава, а и да ги игнорира провокациите кои ги прават некои луѓе кои пред се не и мислат добро на народот што живее на овие простории. Да престанеме да изигруваме жртва, и да почнеме да се однесуваме како луѓе.

Posted in | Leave a comment

За блогот

1. Блогот "Illusional Reality" е персонален блог.

2. Сите ставови изјаснети во овој блог се лични ставови на авторот и треба да бидат третирани како такви. Ништо што е постирано тука не значи дека е факт кој треба да биде земен здраво за готово туку е само лично убедување на авторот.
  2.2. Авторот го задржува правото да ги избрише сите коментари без да даде било какво објаснување за тоа.
  2.3. Коментарите се ставови на авторите кои ги имаат напишани и авторот на блогот не мора да се согласува или да не се согласува со нив.

3. Авторско право
-Блогот "Illusional Reality" е лиценциран под  Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivs 2.5 Macedonia License.
  3.2. Постовите на овој блог можете да ги споделувате, умножувате и дистрибуирате под следниве услови:

  • Да се наведи извор
  • Да се користи некомерцијално
  • Да не се адаптират постовите

        Доколку сакате да го контактирате авторот, тоа можете да го направите по:
        Фејсбук: IllusionalReality
        Твитер: @HawkanianHawk

        Leave a comment

        Search

        Swedish Greys - a WordPress theme from Nordic Themepark. Converted by LiteThemes.com.